Print this page

АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РСМ МУ ДОДЕЛИ ПЛАКЕТА НА АДВОКАТ САВО КОЦАРЕВ ЗА 55 ГОДИНИ УСПЕШНО ИЗВРШУВАЊЕ НА АДВОКАТСКАТА ДЕЈНОСТ

04 Март 2021
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, адвокат Љубомир Михајловски во име на Комората му додели плакета на адвокатот Саво Коцарев за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и подигнување на угледот на адвокатурата.



Г-дин Коцарев кој е носител на лиценцата со број 31, истакна дека е голема чест и задоволство што веќе 55 години е дел од адвокатската фела и од една благородна професија чија основна е мисија заштита на човековите права и слободите.


Претседателот на Адвокатската комора, г-дин Михајловски, се заблагодари на адвокатот Коцарев и го изрази своето задоволство, потенцирајќи го неговиот придонес во изградбата на македонската адвокатура заснована врз исклучителниот ентузијазам и врз борбата за општествена правда и за владеењето на правото. Претседателот Михајловски порача дека ентузијазмот и посветеноста со кои г. Коцарев ја извршува професија, треба да биде водилка за идните генерации.





Галерија