Print this page

ПОВИК ДО АДВОКАТИТЕ АНГАЖИРАНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ ДО АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ

22 Септември 2026

По одржаната работна средба со претставниците на Апелациониот суд Скопје, Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги повикува адвокатите кои биле ангажирани како бранители по службена должност да достават податоци за своите трансакциски сметки до Апелациониот суд Скопје.

Податоците се потребни за да се овозможи исплата на средствата што им следуваат на адвокатите за извршените ангажмани по службена должност.

Се повикуваат засегнатите адвокати навремено да ги достават потребните податоци до Апелациониот суд Скопје, со цел непречено спроведување на исплатата.