Претседателот на Адвокатската комора, Лазо Ѓорѓиевски, на 15 септември 2026 година оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски. На средбата присуствуваа и заменик-претседателот на Комората, адвокат Дарко Георгиев, и Роберто Петковиќ, советник за правни работи во Комората.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Агенцијата за катастар на недвижности, Адвокатската комора и нејзините членови, како и за поголемо користење на електронскиот шалтер на Катастарот од страна на адвокатите.
Беше истакнато дека адвокатите се значајни професионални партнери на Катастарот и важна алка во обезбедувањето правна сигурност. Поголемото користење на електронските услуги значи побрзи и поефикасни постапки и подобра услуга за крајните корисници.
На средбата беше утврдена и динамика за идни заеднички активности, со цел понатамошно продлабочување на соработката и поефикасен систем во интерес на граѓаните и правните лица.