Print this page

Претседателот на Адвокатската комора Лазо Ѓорѓиевски оствари средба со адвокат Мери Младеновска Ѓорѓиевска

14 Јули 2026

Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски, денеска во просториите на Комората оствари средба со адвокат Мери Младеновска Ѓорѓиевска, по повод доделувањето на високото државно одликување „Витез од Редот на Ѕвездата на Италија“ (Ordine della Stella d’Italia).

Одликувањето, кое се доделува со указ на претседателот на Италијанската Република е израз на признание за нејзиниот исклучителен придонес во унапредувањето на институционалната, правната и билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Италија.

По тој повод, претседателот Ѓорѓиевски ѝ упати искрени честитки на адвокат Младеновска Ѓорѓиевска во свое лично име и во име на Адвокатската комора, изразувајќи почит и признание за нејзиниот професионален ангажман и придонес, кои се препознаени и со ова високо меѓународно одликување.

За Адвокатската комора претставува особена чест што нејзин член е добитник на едно од највисоките државни одликувања што Република Италија ги доделува на странски државјани. Ваквите признанија претставуваат поттик за афирмација на професионалните вредности што ги негува адвокатурата, како и за понатамошно јакнење на меѓународната правна и институционална соработка.