Print this page

Видео | Изјава за медиумите на претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонската адвокатура

17 Јуни 2026

Во продолжение ја објавуваме интегралната изјава за медиумите на претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, дадена по повод свеченото одбележување на 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, во организација на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.





Интегрална изјава:

„Прво, не случајно адвокатурата е уставна категорија. Второ, не случајно Павел Шатев, еден од првите акти што ги потпишал, се однесувале на адвокатурата. Тоа значи дека адвокатурата е незаменлива во одбраната на владеењето на правото.

Јас успеав денеска да посочам некои светски трендови што не постојат кај нас – во правосудната фела најчесто судиите се регрутираат од најдобрите адвокати. Кај нас најдобрите судии си заминуваат од судот, погодете зошто, и одат во адвокатурата.

Понатаму, кога разговараме за Законот за јавно обвинителство, за судството и слично, забораваме дека еден правен базен на знаење и искуство се адвокатите. Зошто да не може и од редот на адвокатите да се регрутираат кадри, а не само преку Академијата за судии и јавни обвинители? Така би добиле на квалитет, заради нивното искуство и нивното знаење.

Особено сум среќна денеска што сум овде. Многу мои студенти се тука. Нема статус што може да го замени учителот во мене и јас сум горда што многу од нив се бунтовни, умни луѓе од знаење во судницата и тоа ме охрабрува дека има шанса не само за правото, туку и за правдата.“

Видеото можете да го погледнете подолу во прилог>>

Media