Print this page

Повик за пријавување на мултилатерална правна практика во Германија (26.10 – 29.11.2025)

18 Јули 2025

Германската фондација за меѓународна правна соработка – IRZ, објавува повик за пријавување на млади адвокати за учество во Мултилатерална програма за правна практика во Германија, која ќе се одржи во периодот од 26 октомври до 29 ноември 2025 година.

Програмата се реализира во соработка со Германската сојузна адвокатска комора и Германското адвокатско здружение, и е наменета за:

  • млади адвокати/ки кои работат во областа на граѓанско и трговско право, 

Услови за пријавување:

  • Многу добро познавање на германски јазик, вклучително и правна терминологија. Може да биде побаран јазичен тест од IRZ.

  • Апликантите не треба да бидат вработени во:

    • канцеларија која е филијала на германска адвокатска фирма,

    • канцеларија која има канцеларии во Германија,

    • канцеларија која е партнерска со адвокатска фирма од Германија.

Планирана агенда:

  • 26.10.2025 – Пристигнување во Бон

  • 27.10 – 31.10.2025 – Воведно семинарско предавање во Бон

  • 03.11 – 26.11.2025 – Правна практика во германска адвокатска канцеларија

  • 27 – 28.11.2025 – Завршен семинар и евалуација

  • 29.11.2025 – Заминување

Документи за пријавување и финансиски услови се опишани во Програмскиот опис и Формуларот за пријава (во прилог).

Краен рок за пријавување: 8 август 2025 година
Формуларот за пријава мора да се пополни електронски (во Word формат).

За дополнителни информации, можете да се обратите директно кај координаторот на проектот од IRZ, г-ѓа Рита Тенхафт на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .