Дваесет и седум кандидати за адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во сесијата Март 2024 година.
„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех од името на Комората и им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.