Print this page

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: „ПРЕДМЕТ ПЕТРЕСКА против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

ПЕТРЕСКА против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 1

Во предметот Петреска против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (Прва Секција), заседаваше во совет составен од:

Ledi Bianku, Претседател,
Мирјана Лазарова Трајковска,
Linos-Alexandre Sicilianos,
Paul Mahoney,
Aleš Pejchal,
Robert Spano,
Pauliine Koskelo, судии,
и Abel Campos, Регистратор на секција,

Заседавајќи на нејавна седница на 21 јуни 2016 година,
ја донесе следната пресуда, која беше усвоена на тој датум:

ПОСТАПКА

1. Предметот започна со жалба (бр. 16912/08) против Република Македонија, поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на македонски државјанин, Десанка Петреска („жалител“), на 26 март 2008 година.

2. Жалителката беше застапувана од г. Ј. Војчески, адвокат од Скопје. Владата на Република Македонија („Владата“) беше застапувана од нејзиниот агент, г. К. Богданов.

3. Жалителката конкретно се жалеше дека домашните судови одлучиле спротивно од претходната судска пракса, и дека судската постапка траела неразумно долго.

4. На 27 јануари 2014 година жалбата беше доставена до Владата и остатокот на жалбата беше прогласен за недопуштен според Правилото 54 § 3 од Деловникот на Судот.

>> Пресудата во целост преземете ја од линкот подолу.