Print this page

Билтен за судската практика на европскиот суд за човекови права

Излезе електрoнската верзија од вториот број на Билтенот посветен на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој се издава во соработка со Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

Публикацијата која излегува на секои 6 месеци ги содржи најновите клучни пресуди на Судот во Стразбур, преведени на македонски јазик, кои се особено релевантни за  македонските судии, адвокати и обвинители.