Print this page

Адвокатска комора: Адвокатската награда не го отежнува работењето на стопанските субјекти

Извор: МРТ / Објавено: 14.03.2017

Адвокатската комора на Македонија ги отфрла тврдењата на нотари и работодавачи дека адвокатската награда го отежнува работењето на стопанските субјекти. Од комората велат дека стопанските субјекти кои имаат договори со адвокатите, според адвокатската тарифа, пред нотарот презентираат потврда со која докажуваат договорно плаќање. Воочиле низа аномалии во Законот за нотаријат со што, како што велат, нотарите го опструирале работењето на адвокатите, а фелата трпела и од Здружението на работодавачи.

Од Адвокатската комора уверуваат дека секоја фирма што знае да работи и која се носи со современите трендови, за своите предмети ангажира адвокат, додека надриписарството е кривично дело. Обвинуваат дека нотарите нуделе пакет- услуги со готови договори и печати за минорни суми, што, велат не е дозволено.

Додевски рече дека со новиот Закон за нотаријат, правниците не ја губат работата како што тврдат некои стопанственици. Информира дека за една година во адвокатската комора влегле 313 адвокати и 253 нови стручни соработници и приправници.

Извор: МРТ / Објавено: 14.03.2017