На 7 октомври 2023 година во Струга се одржаа Адвокатските спортски игри 2023.
Спортските игри кои се одржуваат еднаш годишно ја симболизираат сплотеноста на адвокатска фела, негувањето на солидарноста и почитувањето на фер играта.
Адвокатите од различни адвокатски заедници и апелациони подрачја се натпреваруваа во повеќе дисциплини, а на најуспешните екипи и поединци им беа врачени пехари од страна на претседателот на Адвокатската комора, адвокат Љубомир Михајловски.