Print this page

(ФОТО) Во Струмица одржани Адвокатските спортски игри 2019

07 Октомври 2019
Викендов во Струмица беа одржани Адвокатските спортски игри 2019 година. Деновите на спортските игри симболично ја изразуваат сплотеноста на адвокатска фела, негувањето на солидарноста и почитувањето на фер играта.

Најуспешните екипи на Адвокатските спортски игри добија пехари, кои ги врачи претседателот на АКРСМ, г. Љубомир Михајловски, кој во своето обраќање го истакна значењето на настанот особено од аспектот на колегијалноста, соработката и солидарноста во адвокатурата како професија.


Во  дисциплината фудбал (мажи), победи екипата од АЗ Кочани.

Во дисциплината баскет (мажи) и баскет (жени), победија екипите од АЗ Скопје.

Во дисциплината пикадо, победник беше адвокатката Анета Наумческа од АЗ Гостивар.

Во дисциплината пинг-понг (мажи), победник беше адвокатот Никола Арсовски од  АЗ Скопје, додека кај жените во оваа дисциплина победи адвокатката Елена Митрејческа од АЗ Кичево.

Во дисциплината шах (мажи) победник беше адвокатот Дарко Радески од АЗ Кочани.

За најкорисен играч, односно МВП, на Адвокатските спортски игри 2019 беше прогласен адвокатот Јован Танчев од АЗ Кочани.

За ферплеј играч беше прогласен адвокатот Иван Спиркоски, од АЗ Прилеп.

Галерија