Print this page

(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во септемвриска сесија 2017 година

27 Септември 2017

Триесет и двајца нови адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во септемвриската сесија 2017 година.

Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.


„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.


На свеченоста се обрати претседателот на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), г. Никола Додевски, кој во името на Адвокатската комора на РМ на новите адвокати им посака многу успех во работата и им порача да ги штитат достоинството и угледот на адвокатурата.



Галерија