Print this page

Обука за Законот за кривичната постапка одржана во Струга

25 Септември 2017
Адвокатската комора на РМ го заврши циклусот на обуки посветени на Законот за кривичната постапка во рамки на едногодишниот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“, кој Комората го спроведува во соработка и со финансиска поддршка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД во Скопје.


Последната обука од овој проект се одржа во Струга на 15 и 16 септември. Предавачи на обukata беа претседателот на Адвокатската комора на РМ, адвокат Никола Додевски и авокат Љубомир Михајловски. 

Во рамки на обуката беше спроведена и симулација на главна расправа, а адвокатите низ активна дискусија ги акцентираа проблеми со кои се соочуваат во реалноста при практичната примена на Законот за кривичната постапка.


Генерален заклучок од обуката е дека кривичната постапка ќе ја оствари својата цел единствено ако се обезбеди вистинска еднаквост на оружјата на странките во постапката  и дека за таа цел неопходни измени со цел подобрување на позицијата на одбраната и осигурување на ефективна одбрана.

Во рамки на проектот во изминатава година беа спроведени повеќе обуки во повеќе адвокатски заедници.