Во врска со проблемите произлезени од примената на новиот Закон за извршување, Комисијата за норматива на Адвокатската комора на РМ на состанокот одржан на ден 30.05.2017 година изврши анализа на одредбите од Законот за извршување кои се однесуваат на вонсудска наплата на долгови по основ на веродостојна исправа и во функција на правилно постапување на членовите на Адвокатската комора на РМ во склад со Законот го донесе следното:
ПРАВНО МИСЛЕЊЕ
1. Според член 11 точка 14 од Законот за извршување дефинирано е значењето на поимот вонсудска наплата на долгот и според тоа:
3. Согласно Член 240 став 1 од Законот за извршување:
1. Единствен критериум врз основа на кој Законот за извршување врши разграничување во кој случај доверителот е обврзан непосредно, да поднесе барање за вонсудска наплата на долгови пред извршител, а во кој случај поведува постапка пред нотар за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, согласно одредбите на Законот за нотаријат е: износот на неплатените комунални услуги во моментот на поднесување барање пред извршител односно поведување постапка пред нотар. Тоа е експлицитна одредба од чл.240 ст.1 алинеа 2 од Законот за извршување, во која не е ставен никаков друг критериум како на пример една или повеке веродостојни исправи, временски период или друго.
1.1 Доколку износот за неплатена вода, смет и одржување на заеднички простории, телефонија, мобилни оператори или кабелски оператори е под 2.000 денари, односно за неплатена електрична или топлинска енергија е под 6.000 денари по една или како збир на повеке фактури (кои во случајов се веродостојни исправи) претријатието кое обезбедува комунални услуги како доверител е обврзано непосредно, да поднесе барање за вонсудска наплата на долгот.
1.2 Доколку износот за неплатена вода, смет, одржување на заеднички простории, телефонија, мобилни оператори или кабелски оператори е над 2.000 денари, односно за неплатена електрична или топлинска енергија е над 6.000 денари по една или како збир на повеке фактури (кои во случајов се веродостојни исправи) претријатието кое обезбедува комунални услуги како доверител е должно да поведе постапка за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, согласно со одредбите на Законот за нотаријатот.
Оваа постапка се спроведува и во случај кога повеќето неплатени фактури се со износи помали од горенаведените или дел од тие фактури се со помали износи од наведените во овој став.
1.3 Во ситуациите опишани под 1.1 и 1.2 нема правно значење временскиот период на кој се однесува неплатената вода, смет, одржување на заеднички простории, телефонија, мобилни оператори, кабелски оператори, електрична или топлинска енергија. Периодот за кој се фактурира си го определува доверителот.
4. Сметаме дека Правилникот за начин на распределба на предметите по извршители од страна на Комората, содржината и начинот на поднесување на барањето од доверителот до Комората, содржината на одговорот на Комората и начинот на доставување на одговорот на Комората до доверителот во повеќе аспекти излегува од рамките на законската одредба која ги дефинира границите на доразработка на Законот со подзаконски акт.
АДВОКАТСКА КОМОРА НА РМ КОМИСИЈА ЗА НОРМАТИВА НА АКРМ
Претседател Претседател
Никола Додевски, адвокат Дељо Кадиев, адвокат