Адвокатска комора на Република Македонија, во рамки на соработката со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX), Ве поканува на Обука на тема: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“.
Обуката ќе се одржи на 09-10 октомври (вторник-среда) во Битола, во хотелот Милениум, со почеток во 13 часот. Агендата ќе биде дополнително објавена.