Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира две еднодневни советувања на тема „Заштита од дискриминација и еднаков третман на Ромите во преткривична и кривична постапка“ кои ќе се одржат на 8 и 9 март (четврток и петок) во просториите на Академијата со почеток во 9:00 часот.
На советувањето свое излагање ќе има проф. д-р Ивана Крстиќ од Правниот факултет во Белград.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил:
lawyermk@mba.org.mk.