Print this page
-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА ОБУКА: „Одговорност на управителите за надомест на штета согласно ЗТД со примери од судската практика“

 Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Одговорност на управителите за надомест на штета согласно ЗТД со примери од судската практика“ кое е предвидено да се одржи на 13 април  2017 година (четврток) во просториите на Апелационен суд Битола.

Советувањето е наменето за судии и адвокати од Апелационото подрачје Битола.

Излагачи на советувањето ќе бидат судија Татјана Сусулеска од Апелационен суд Битола и проф. д-р Марко Андонов. 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..