Print this page
-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Кривични дела од областа на сообраќајот, практични проблеми при докажувањето“

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот за обуки за задолжителна континуирана обука на судии и јавни обвинители 2017 година, организира советување на тема „Кривични дела од областа на сообраќајот, практични проблеми при докажувањето“, кое ќе се одржи на 17 март 2017 година во Академијата.

Обуката е наменета за судии, адвокати, јавни обвинители, претставници од Бирото за судски вештачење и од МВР.

Предавачи на обуката ќе бидат Хамдирефет Бафтијари, судија на Основен суд Скопје 1 и м-р Николче Петковски, началник на Комисија за прекршоци, Министерство за внатрешни работи, и претставник од Бирото за судски вештачења. 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..