Print this page
-->

Пријавете се на советување: „Новата улога на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка, правосудната полиција и одбраната - систем на овластувања и меѓусебна контрола“

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Новата улога на јавниот обвинител, судија на претходна постапка, правосудна полиција и одбраната - систем на овластувања и меѓусебна контрола“ кое ќе се одржи на 14 февруари 2017 (вторник) во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за адвокати, судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, правосудна полиција и претставници Министерство за внатрешни работи.  

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип, Дељо Кадиев, адвокат, Владимир Туфегџиќ, судија на Основниот суд Скопје 1 и д-р Слободан Оклевски, началник во МВР.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..