Print this page
-->

Пријавете се на обука на тема: „Товарот на докажување согласно новиот ЗКП/ докази и приговори“

Во насока на продолжување на обуките за новиот ЗКП, Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје организираат обука на тема „Товарот на докажување/ докази и приговори“

Обуката ќе се одржи во период од 26 до 27 октомври 2016 година во хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје.

Обуката е наменета за адвокати, судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предвачи на обуката ќе бидат Мери Тромбева, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола и д-р Лаура Валковиќ, адвокат од Загреб.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..