Print this page
-->

ОБУКА: ДИРЕКТИВИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ЕУ КОИ СЕ ТРАНСПОНИРАНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА РСМ, ОДЛУКИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организираaт обука на тема: Директивите за заштита на потрошувачите во ЕУ кои се транспонирани во Законот за заштита на потрошувачите на РСМ, одлуки на Европскиот суд на правдата поврзани со спроведувањето на ЕУ директивите.

Обуката ќе се одржи на 2 ноември 2026 година, во просториите на Академијата (ламела 1) и истата е наменета за, адвокати, судии и стручни соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на обуката ќе бидат проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска  и германски експерт ангажиран од страна на IRZ. Програмата согласно која ќе се реализира обуката ќе биде доставена дополнително.

Се повикуваат заинтересираните адвокати да го пријават своето учество на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 23.10.2026 година со наведување на име и презиме и контакт-податоци.