Print this page
-->

ПОВИК ДО АДВОКАТИТЕ АНГАЖИРАНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ ДО АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ

По одржаната работна средба со претставниците на Апелациониот суд Скопје, Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги повикува адвокатите кои биле ангажирани како адвокат по службена должност да достават податоци за своите трансакциски сметки до Апелациониот суд Скопје.

Податоците се потребни за да се овозможи исплата на средствата што им следуваат на адвокатите за извршените ангажмани по службена должност.

Се повикуваат засегнатите адвокати навремено да ги достават потребните податоци до Апелациониот суд Скопје, со цел непречено спроведување на исплатата.