Извештај за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија
Извештајот, кој е составен од два дела, Проценка на заканите од финансирање на тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија и Проценка на мерките за ублажување на ризикот од финансирање на тероризам за непрофитните организации ја идентификува подгрупата на НПО што спаѓаат во дефиницијата на ФАТФ за НПО, ги идентификува видовите на НПО, кои врз основа на нивните активности или карактеристики, веројатно се изложени на ризик од финансирање од тероризам, ја идентификува природата на заканите, начинот на кој НПО може да се злоупотребат, како и прави преглед на адекватноста на мерките, вклучително законите и регулативите, кои се однесуваат на подгрупата на НПО кои може да бидат злоупотребени за ФТ. Исто така, извештајот содржи листа на препорачани мерки кои во областа на законите, стратешките документи, механизмите на унапредување на дијалогот ќе придонесат за адекватно управување и намалување на ризикот од финансирање на тероризам и заштита од евентуалните злоупотреби на НПО за целите на финансирање на тероризам и истите се вградени во Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам.