Print this page

АКРСМ УНАПРЕДЕНА ОД ЧЛЕНКА НАБЉУДУВАЧ ВО ПРИДРУЖНА ЧЛЕНКА ВО НАЈЗНАЧАЈНАТА ЕВРОПСКА АДВОКАТСКА ЗАЕДНИЦА - CCBE

03 Декември 2020

Почитувани, 

Со задоволство Ве известуваме дека на 27.11.2020 година, на пленарната седница на Советот на комори и адвокатски организации од Европа – CCBE, е донесена Одлука со која е усвоено  барањето за унапредување на статусот на членството на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од членка набљудувач во придружна членка.

Сите присутни на пленарната седница гласаа ЗА, без ниту еден воздржан ниту против, и донесувањето на одлуката беше пропратено со аплауз од сите присутни.

CCBE e најзначајната Европска адвокатска заедница во која членуваат над еден милион адвокати од сите европски држави – членки на ЕУ и останати.