Print this page

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на нашиот колега Бојан Манев од Велес

08 Јануари 2020

Почитувани,

На 20 декември 2019 година, во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 , на нашиот колега , Адвокат Бојан Манев од Велес во која живееше со својата мајка Љубица. Огнот ги пеплосал покуќнината, мебелот, техничките апарати и гардеробата. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини, поради што на нашиот колега,  адвокат Бојан Манев и неговото семејство им е потребна помош 

Ве молиме да бидеме хумани и да помогнеме. 

Сметка за донации 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.