ИИТ, Правниот факултет Чикаго-Кент кој што се наоѓа во САД, заедно со Училиштето за Американско право објавува две меѓусебно поврзани студиски програми со загарантирана стипендија од 75% и 100% за адвокатите и правниците од Северна Македонија:
Училиштето за Американско право (SAL) вкулучува два семестри во Атина, Грција: Септември – Декември (прв семестар) и Јануари – Мај (втор семестар). Двата семестри вкучуваат 10 задолжителни предмети кои ќе се спроведат на англиски јазик и часовите ќе бидат одржувани исклучиво од професори посетители на Чикаго-Кент Универзитетот кој што ќе доаѓаат од САД и Велика Британија. Десетте задолжителни предмети ги покриваат најсовремените теми: Меѓународни бизнис (деловни) трансакции, Е-трговија (електронска трговија), Онлајн склучување договори, Антимонополско право, Управување со средства од интелектуална сопственост, Право на Интелектуална сопственост, Глобално право на интелектуална сопственост, Право на трговски марки, Компаративно право, Вовед во Американскиот правен систем и Правно пишување.
Начинот на спроведување на студиската програма е еден предмет месечно (пет предмети по семестар) кои се одржуваат само во викендите, преку целодневно предавање, со почеток во 10 часот наутро до 17 часот. Во целост, секој семестар ќе биде реализиран во 5 викенди во кои ќе се одржат часови во живо, покрај тоа од студентите ќе се очекува претходна подготовка за часовите, читање после часовите како и подготовка и предавање на испит. Но, студиската програма на SAL и неговата структура комбинира 5 предмети со интензивни часови во живо на кои мора да присуствувате во Атина и 5 предмети со онлајн часови. Студентите кои можат да одвојат слободен викенд од работата и семеjството и сакаат да поминат повеќе време во традиционална училница со професорите од Чикаго-Кент Универзитетот во колегијална атмосфера, се поканети во Атина еднаш во месецот да присуствуваат на сите 10 задолжителни предмети. Студентите кои живеат надвор од Грција и не можат физички да бидат присутни на часовите им нудиме 5 онлајн предмети и да присуствуваат само на останатите 5 предмети во училница во Атина. Со оваа опција, студентите можат да одлучат која структура е подобра за нив додека студираат на Студиската програма на SAL. Студиската програма на SAL ќе ги информира студентите кои од курсевите може да бидат одбрани за да се следат онлајн.
По завршувањето на Студиската програма на SAL, дипломираните продолжуваат со својата едукација на LL.M Магистерските студии во Правниот факултет Чикаго-Кент во Чикаго, Илиноис, САД. Магистерските студии на Правниот факултет Чикаго-Кент ќе завршат со стекнување на LL.M Магистерски студии на „Американско, Интернационално и Транснационално право“ во еден семестар (пет месеци) наместо регуларна една академска година. Ова се правни студии за постдипломска академска диплома со времетраење од пет месеци за дипломираните на Студиската програма на SAL. За дипломираните кои имаат SAL - Сертификат за завршување на Училиште за Американско право, LL.M магистерската диплома во Чикаго ќе ја стекнат со завршување на еден семестар целосно посветено учење, во меѓувреме тие можат да изберат да продолжат со уште еден семестар на Правниот факултет Чикаго-Кент за да го продолжат нивното едукативно (Ph.D.) Докторски студии и професионално достигнување (Правосуден испит).
По завршувањето на Студиската програма на SAL, дипломираните студенти ќе добијат:
Од 2015 година студиската програма на SAL во Атина едуцираше повеќе од 150 студенти од Балканот, Медитеранот и Европа и им овозможи да се здобијат со извонредно искуство во странство и да стекнат глобални компетенции кои ќе ја дефинираат нивната идна улога во глобалниот пазар. Со задоволство истакнуваме дека 19 од 150 студенти/дипломирани студенти се адвокати од Северна Македонија.
Предности на нашата програма:
Влијанието на програмата врз кариерата на апликантот
Стипендии и школарина
Кој би требало да аплицира на оваа програма?
Раниот апликантски краен рок е 31 Мај. Рокот може да биде продолжен до 30 Јуни (Регуларен краен рок за аплицирање) ако се уште има место во SAL програмата. Сите апликанти треба да ги достават електронски следните документи:
Правосуден испит
Правосудните испити се спроведуваат на национално ниво во февруари и јули. Приемните барања за правосуден испит се разликуваат од држава до држава и како резултат на тоа, на студентите им се советува да ја посетат веб-страницата на нивната државна канцеларија за најпрецизни информации. За информации за разните испити и линкови до повеќето надлежни државни авторитети, посетете ја веб страната на National Conference of Bar Examiners
Универзитет
Илионис Институтот за технологија – Универзитет што подржува Докторски истражувања, Институт што овозможува широк опсег на програми и е уникатно позициониран да ја разбере меѓусебната поврзаност на глобализираниот правен пазар низ целиот свет. Правниот Факултет Чикаго-Кент е национално признат втор најстар правен факултет во државата Илиноис. Чикаго-Кент се здоби со акредитација од страна на Американската адвокатска комора во 1936 година и членството во Асоцијацијата на американски правни факултети во 1951 година. US News & World Reports, No1 Ranking Agency, го назначи Чикаго-Кент меѓу најбараните и најпопуларни програми: Trial Advocacy the 4th place, IP Law the 9th place, Legal Writing the 17th place. Според US News & World Reports, No1 Ranking Agency стапката на вработеност веднаш по дипломирањето на Чикаго-Кент изнесува 66,2% и 90,7% во рок од 9 месеци по дипломирањето.
Корисни линкови:
Училиште за Американско Право: www.salchicagokent.com
Правен факултет Чикаго-Кент: www.kentlaw.iit.edu
Бизнис Фејсбук Страницата: School of American Law, Chicago-Kent College of Law
Што го прави правниот факултет одличен: Внатре во Чикаго-Кент: http://youtu.be/pKu1V5UTjUQ
Членовите на Комората имаат 5% попуст и треба тоа да го наведат треба да го наведат при упис за да го имаат повластувањето.
Линк од facebook настанот за 22.05.2019 во 14:00 часот во Хотел Мериот во Скопје : https://www.facebook.com/events/666739060462968/
За повеќе информации, ве молиме исконтактирајте ги:
Тел: +38978212850 (Regular, Viber, WhatsApp, Telegram)
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., LinkedIn: Ketevan Jeladze
Tel: +995 577 97 40 01 (Regular, Viber, WhatsApp)
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. LinkedIn: Maia Meskhi
Tel: +995 577 77 40 30 (Regular, Viber, WhatsApp)