Print this page

Работен состанок за унапредување на соработката помеѓу Адвокатската комора и Централниот регистар

06 Август 2026
Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски, заедно со Роберто Петковиќ, советник за правни работи во Стручната служба на Адвокатската комора, на 5 август 2026 година, остварија работна средба со директорката на Централниот регистар, д-р Анита Стамнова, регистраторката Павлинка Голејшки и Мартин Богоевски, советник на директорот на Централниот регистар.


Врз основа на заедничките заложби за подобрување на деловната клима, дигитализација на процесите и обезбедување поголема правна сигурност, на средбата беа разгледани повеќе прашања од заеднички интерес, при што беше изразена заедничка определба за натамошно унапредување на соработката помеѓу Адвокатската комора и Централниот регистар.

Посебно внимание беше посветено на можностите за организирање заеднички обуки за адвокатите кои имаат интерес да стекнат статус на регистрациони агенти, како и на континуирана едукација на постојните регистрациони агенти, со акцент на користењето на електронските услуги и електронското поднесување на пријави до Централниот регистар.

На средбата беше истакната и важноста од континуирано јакнење на институционалната соработка, како предуслов за понатамошно унапредување на електронските услуги и постапки од значење за адвокатите.

Двете институции ја потврдија посветеноста кон градење современ, дигитализиран и транспарентен систем кој обезбедува директна корист за правната професија, деловната заедница и граѓаните.