Print this page

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ КОМОРСКА ЧЛЕНАРИНА ЗА 2026 ГОДИНА

08 Јули 2026

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги потсетува адвокатите дека заклучно со 31 март 2026 година се должни да ја подмират обврската за плаќање на коморската членарина за 2026 година, во висина од 6.000,00 денари.

Доколку адвокатите имаат заостанат долг по основ на коморска членарина, потребно е истиот да го подмират со цел да се избегнат дисциплински и судски постапки за негова наплата.

Во прилог  на ова известување е достапен примерок од налог за уплата.

Напомена: Во полето „Повикување на број“ задолжително треба да се наведе бројот на адвокатската лиценца.