Print this page

Повик за учество во Мултилатералната програма за практикантска работа за адвокати во Германија

02 Јули 2026

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги информира своите членови дека Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ), во соработка со Германската федерална адвокатска комора и Германското здружение на адвокати, организира Мултилатерална програма за практикантска работа за адвокати, која ќе се одржи во периодот од 27 септември до 31 октомври 2026 година.

Програмата е наменета за помлади адвокати кои работат во областа на граѓанското, трговското и деловното право. Предност ќе имаат кандидати со неколкугодишно професионално искуство.

Кандидатите треба да имаат многу добро познавање на германскиот јазик, вклучително и правна терминологија, и да бидат подготвени, доколку IRZ побара, да полагаат тест за проверка на јазичните познавања.

Во програмата не можат да учествуваат адвокати кои работат во германска адвокатска канцеларија, во адвокатска канцеларија што има канцеларии во Германија или во адвокатска канцеларија што е партнерска канцеларија на адвокатска канцеларија со седиште во Германија.

Предвидената програма опфаќа воведен семинар во Бон, практикантска работа во германска адвокатска канцеларија и завршен евалуациски семинар.

Апликациските документи наведени во описот на програмата треба да се достават најдоцна до 17 јули 2026 година.

Повеќе информации за условите за учество, финансиските услови и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи:

  • Опис на програмата – услови за учество на германски/англиски јазик;
  • Формулар за аплицирање.

Апликацискиот формулар треба да биде пополнет електронски, на компјутер.