Print this page

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ОБВРСКАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА КОМОРСКА ЧЛЕНАРИНА ЗА 2026 ГОДИНА

17 Февруари 2026

Ги потсетуваме адвокатите дека заклучно со 31 март 2026 година се должни да ја подмират обврската за плаќање коморска членарина  за 2026 година во висина oд 6.000,00 денари.

Воедно Ве известуваме дека доколку имате заостанат долг по основ на членарина,  потребно е истиот да го подмирите со цел да бидат избегнати дисциплински и судски постапки за наплата на истиот.

Примерок од вирман за уплата можете да преземете од линкот подолу.

Во полето „повикување на број“ задолжително да се наведе бројот на адвокатската лиценца.