Почитувани,
Ве известуваме дека системот за електронска достава и прием на акти во судовите во Република Македонија е достапен преку порталот Е-достава на следниов линк: http://edostava.sud.mk/.
Системот овозможува:
-
Поднесување документи до судовите по електронски пат;
-
Електронски прием на акти од судовите доставени преку Автоматизираниот систем за управување со судски предмети – АКМИС.
Во прилог на ова известување Ви го доставуваме Упатството за добивање електронско сандаче за користење на услугите од порталот Е-достава, кое е наменето за адвокати при нивната комуникација со судовите.