Print this page

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ

04 Септември 2025

Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатски спортски игри.

Овогодинешните адвокатски спортски игри ќе се одржат на 01.11.2025 година (сабота) во хотелот „Монтана“ во Крушево. Сместувањето е во двокреветни, трокреветни и четорокреветни соби.

  • Цената за сместување за две ноќевања (петок - недела / пристигнување на 31-ви октомври и заминување на 2-ри ноември / полн пансион) изнесува 7.500 денари. Петок се почнува со вечера.
  • Цената за едно ноќевање (сабота - недела / пристигнување на 1-ви ноември и заминување на 2-ри ноември / полн пансион) изнесува 5.000 денари. 

Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, влечење јаже, пинг понг, адвокатска трка и сл. зависно од интересот за конкретна дисциплина.

Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на и-меил адресата на Адвокатската комора -  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до 20.10.2025 година.

Котизацијата за учество се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696, Комерцијална банка АД Скопје,  со цел на дознака „За спортски игри.“

Пријавите ќе бидат прифаќани врз основа на принципот  „прв пријавен, прв услужен“, во согласност со расположливиот капацитет на хотелот.