Откако целосно ќе се внесат податоците за адвокатите во системот, претседателот на Адвокатската комора ќе го претстави софтверот пред медиумите и останатите засегнати страни на прес конференција планирана за неколку месеци.
Оваа иницијатива одбележува значителен напредок во дигиталното трансформирање на системот за бесплатна правна помош и е во согласност со пошироката реформа во судскиот систем во Северна Македонија, насочена кон зајакнување на владеењето на правото, подобрување на пристапот до правдата и осигурување на еднаков пристап до правдата за сите граѓани, во согласност со европските стандарди.
Развивањето на софтверот започна во 2022 година во рамките на програмата на ЕУ и Совет на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција и заврши во третата фаза од програмата.