Print this page

Потпишан Меморандум за соработка со Здружението на правници на Република Северна Македонија

25 Април 2024
Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ), претставувана од претседателот, адвокат Љубомир Михајловски и Здружението на правници на Република Северна Македонија претставувано од претседателот проф. д-р Горан Коевски на ден 23.04.2024 година потпишаа Меморандум за соработка.



Поттикнати од потребата за унапредување на образовната, научно-истражувачката и апликативно-стручната дејност, Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ), претставувана од претседателот, адвокат Љубомир Михајловски и Здружението на правници на Република Северна Македонија претставувано од претседателот проф. д-р Горан Коевски на ден 23.04.2024 година потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот предвидува соработка помеѓу Комората и Здружението во врска со размена на знаења, искуства, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијални интереси.