ЛАЗО ЃОРЃИЕВСКИ
Лазо Ѓорѓиевски е роден на 16 мај 1983 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година.
Во 2008 година завршил постдипломски мастер студии по Европско деловно право на Универзитетот „Paul Cézanne Aix-Marseille III“ и Институтот Европа-Азија (IREA) во Екс-ан-Прованс, Франција. Во 2009 година завршил постдипломски мастер студии по Меѓународно кривично право на Универзитетот во Торино и Институтот на Обединетите нации – UNICRI, во Торино, Италија.
Во 2010 година положил правосуден испит, нотарски испит и стручен испит за застапник за индустриска сопственост.
Од 01.04.2011 година работи како самостоен адвокат во адвокатска канцеларија Лазо Ѓорѓиевски од Скопје.
Во периодот од 2022 до 2026 година ја извршувал функцијата Претседател на Надзорниот одбор на Адвокатска комора на Република Северна Македонија.
Како адвокат активно учествувал на бројни домашни и меѓународни обуки, конференции, семинари и стручни советувања. Обучувач е во областа на слободата на изразување, медиумското право и примената на европските стандарди за човекови права, во рамки на проектот на Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (PRO-FREX)“, кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа.
Покрај македонскиот јазик како мајчин, зборува: англиски, италијански, француски и руски јазик.
