ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЧЛЕНОТ 461 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

Во согласност со членот 461 од Законот за парничната постапка во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесувањето на тужбата да се обидат спорот да го решат по пат на медијација.

Во однос на наведената обврска, Министерството за правда достави известување до Адвокатската комора во кое се наведува дека медијаторите кои се стекнале со лиценца за медијатор согласно членот 46 од Законот за медијација, а не се запишани во Именикот на медијатори можат да вршат медијаторски работи согласно одредбите од овој закон.

Во моментов, известуваат од Министерството за правда, лиценциран медијатор е Валентина Арсова, контакт тел.: 071 811-410, меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме