Гостување на претседателот на АКРМ, Љубомир Михајловски во емисијата „Правда и неправда“

ИЗВОР: 1ТВ / ЕМИТУВАНО: 11.05.2018

Во светот, државните служби ги водат зрели луѓе со знаење, професионално и животно искуство, вели новоизбраниот претседател на Адвокатската комора Љубомир Михајловски Џанго. Според него, тоа е добро затоа што помладите генерации треба да ја влечат државата кон напредокот на терен, но искуството си го прави своето. Михајловски раскажува дека имало многу шпекулации околу изборот на раководството на адвокатите во Македонија, но тој не бил нетранспарентен.

- Не постои начин да се кандидирате за претседател на Адвокатската комора на Македонија. Ако имаме 4.000, а поточно се 2.700 адвокати и сите тие се кандидираат за претседател на Адвокатската комора на Македонија, јавноста нека процени дека тоа е апсурд. Системот за избор е така изграден, што сите заедници испраќаат свои делегати, дел егатите на изборно собрание го бираат Управниот одбор, вели Михајловски.

Како што изјави, Адвокатската комора не е политичка партија, гласањето не би можело да биде изведено на потранспарентен начин ни сега ни во иднина и кога навистина не би било така, тој самиот не би се нафатил да биде прв човек на Комората.

>> Целото интервју можете да го проследите ТУКА. 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме