Print this page
-->

ОБУКА ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ СО СОВЕТ НА ЕВРОПА

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ (ЈУФРЕКС) кој е дел од програмата „Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ  заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа.

Овој пат, соработката продолжува со организација на обука за адвокати од областа на слободата на изразување.
Обуката ќе се одржи од 23-25 јуни, 2022 година (четврток-сабота), , во х. Гранит, Охрид.

Обуката ќе биде спроведена од сертицирани обучувачи на Советот на Европа. Материјалите за обуката се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа.

Местата за оваа обука се пополнети.

Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за агендата.