Print this page
-->

СЕМИНАР: „Стратешки тужби против јавното учество“ (SLAPP)

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот на Европа организираат интерпрофесионален семинар на тема: „Стратешки тужби против јавното учеств (SLAPP).

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот на Европа организираат интерпрофесионален семинар на тема: „Стратешки тужби против јавното учество (SLAPP), компаративни искуства и пракса за препознавање и превенција“, што ќе се реализира од 14 до 16 април 2022 година во Гевгелија, Северна Македонија.

Овој настан ќе им понуди можност на новинар(к)ите, медиумските работници/чки и адвокат(к)ите преку водена дискусија од страна на меѓународни експерт(к)и да разговараат на интересни теми поврзани со овие SLAPP стратешки тужби. Најпрво што тие претставуваат и значат, како навремено да бидат препознаени и како да се реагира кога новинар(к)ите, медиумските работници/чки и адвокат(к)ите се соочуваат со истите. Настанот ќе има симултан превод на англиски, македонски и албански јазик. Овој настан е организиран од страна на Здружението на новинари на Македонија, како партнер на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“ во рамките на заедничката програмска акција на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022 година“.

Сите заинтересирани адвокати кои имаат искуство во застапување на новинари или медиуми пред суд, или имаат интерес да научат повеќе за прашањата за слободата на изразување и SLAPP стратешките тужби.
Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на Милан Спировски на Телефон: +389 70 540 974 Електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.">

Рокот за пријавување е 3 дена односно до 06.04.2022 (среда) и во рамките на пријавата заинтересираните адвокати потребно е да приложат своја биографија.

Трошоците за сместување и транспорт се покриени од страна на организаторот. Напоменуваме дека заради ограничени места за учество на оваа обука пријавувањето ќе биде на начин, прв пријавен, прв услужен.