Print this page
-->

ОНЛАЈ КУРС HELP: „ДЕЦА БЕГАЛЦИ И МИГРАНТИ“ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Ве известуваме дека Академијата во соработка со Канцеларијата на Советот на Европа во Сараево организираат регионален онлајн курс HELP на тема „Деца бегалци и мигранти“ на Западен Балкан, кој ќе се одржи на 25 мај 2021 година (вторник), со почеток од 14:30 до 17:30 часот. Настанот е наменет за судии и стручни соработници, адвокати, претставници од Омбудсманот и невладините организации и службите за заштита на децата од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Целта на овој настан е учесницитe да се запознаат со HELP платформата и различните делови од онлајн курсот на тема „Деца бегалци и мигранти“ кои регистрираните учесници ќе ги следат во наредните три месеци, со помош на тутори на нивниот јазик. Говорниците ќе вклучат специјален претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграција и бегалци и претставници на релевантни центри за обука, адвокатски здруженија и услуги за заштита на деца во регионот, како и институции на ЕУ и ООН.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество, пријавите треба да ги достават на имеил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.