Print this page
-->

Јавна дебата за резултатите од спроведената Анализа на Законот за заштита од вознемирувањето на работното место со цел негово подобрување и поефикасно имплементирање

Министерството за труд и социјална политика во согласност со надлежностите и стратешката определба за унапредување на еднаквите можности и недискриминација во насока на подобрување на состојбата во областа на работата и работните односи со посебен фокус на вознемирувањето како облик на дискриминација, во соработка со Институтот за човекови права започна со подготовка на Анализа на Законот за заштита од вознемирување на работното место со цел негово подобрување и поефикасно имплементирање.

Во таа насока, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика организираат „Јавна дебата за резултатите од спроведената Анализа на Законот за заштита од вознемирувањето на работното место со цел негово подобрување и поефикасно имплементирање“ на 20 септември 2019 година (петок), во просториите на Аакадемијата, ламела 1.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..