Print this page
-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Одговорност на органите на управување на друштвата за надомест на штета“

На 08.05.2019 во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ќе одржи советување на тема „Одговорност на органите на управување на друштвата за надомест на штета“.

Советувањето ќе се одржи во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ламела 1 со почеток во 10 часот.

Советувањето е наменето за судии и судски соработници од трговските и граѓанските оддели во судовите, од сите апелациони подрачја, стечајни управници и адвокати.

Целта на советувањето е усогласување на примената на законската регулатива и воедначување на судската практика во спорови за надомест на штета против орган на управување или надзор, односно против членови на органите.

Агендата презмете ја од линкот подолу.