Print this page
-->

Пријавете се тркалезна маса во Гостивар на тема: „Презентација на активностите на Комисијата за ефикасноста на правдата (СЕРЕЈ)“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Советот на Европа организира тркалезна маса на тема „Презентација на активностите на Комисијата за ефикасноста на правдата (СЕРЕЈ)“ што ќе се одржи на 10 јули 2018 година во Основниот суд Гостивар со времетраење од 10 до 13 часот.

Тркалезната маса се организира за адвокати, претседатели на судови, јавни обвинители, како и нотари и извршители.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..