Print this page
-->

Обука за ЗКП во организација на АКРМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите во Велес

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во рамки на заеднички проект организира практична обука за адвокати  за Законот за кривичната постапка.

Обуката ќе се одржи на 18-19 мај 2018 година (петок - сабота) во Велес , х. Гардениа. 

Во рамки на обуката ќе биде спроведена симулација на судење со цел подобрување на вештините на адвокатите особено во делот на директно и вкрстено испрашување.

Обучувачи на обуката ќе бидат г. Џон Мекнил, резидентен правен советник во Амбасадата на САД во Македонија и поранешен адвокат во САД, со над 30 години пракса, г. Филип Јанически, правен советник во Амбасадата на САД во Македонија, а свое обраќање ќе има и претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски.

Бројот на учесници на обуката е ограничен. Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  За учесниците од други градови е предвидено ноќевање.


>> Агендата можете да ја преземетe од линкот подолу