Print this page
-->

Пријавете се на тркалезна маса: „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ, во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ организира тркалезна маса на тема „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“. 

Тркалезната маса која е последна од овој вид во рамките на проектот ќе се одржи на 29 септември во х. Александар Палас во Скопје. 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.