-->

Пријавете се на обука за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната што ќе се одржи во Струмица

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ), во рамките на заедничкиот проект „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ организира обука  на тема „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“.
 

Обуката е наменета за адвокати и ќе се одржи на 30 јуни (петок) во Струмица, во хотелот „Сириус“. Агендата за настанот дополнително ќе биде објавена. 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме