Print this page
-->

Повик за аплицирање на адвокати за обука на обучувачи поврзана со криумчарењето на мигранти

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации (UNODC), Оддел за организиран криминал и недозволена трговија со луѓе започна со изработка на курикулум за криумчарење на мигранти. Имено, во подготовката  е вклучен еден национален консултант, а предвидено е да бидат вклучени и мултидисцплинарни групи на обучувачи кои претходно ќе поминат обука на обучувачи.

Со оглед на горенаведеното, Академијата во соработка со UNОDC организираат дводневна обука на обучувачи поврзана со криумчарењето на мигранти. Обуката е предвидено да се одржи во септември 2017 година (точниот датум и место дополнително ќе бидат утврдени). 

Согласно новиот Закон за Академијата, а во врска со листата на предавачи на Аакадемијата, заинтересираните за учество е потребно да го исполнуваат условот од одредбата од новиот Закон содржан во член 45 став 5, односно задолжително познавање на англискиот јазик што се докажува со поседување на меѓународно признат сертификат

Адвокатската  комора на РМ ги повикува сите заинтересирани адвокати да испратат свое резиме/CV  на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на адвокати кој ќе партиципираат на обукаат е ограничен на еден до двајца. Пријавите на адвокатите кои немаат уредно подмирена членарина нема да се разгледуваат.