Print this page
-->

Пријавете се на работилница: „Практична примена и проблеми при имплементацијата на новиот Закон за кривичната постапка“

Во рамки на проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“, на 22 февруари (понеделник) со почеток во 12 часот во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Практична примена и проблеми при имплементацијата на новиот Закон за кривичната  постапка“.

Модератори на работилницата ќе бидат адвокатите Сања Алексиќ и Дељо Кадиев.

Бројот на учесници е ограничен на триесет лица.

Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на работилницата, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“, во кој учествуваат македонската, српската, босанската, албанската и косовската адвокатска комора, се спроведува со поддршка на  Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRRLN).