Print this page

Адвокатите кои работат постапки за азил ќе можат да ги користат услугите на Македонскиот центар за истражување и документација за информација за земја на потекло

12 Декември 2023
На 14-ти ноември 2023 година од страна на Македонското здружение на млади правници беше презентиран новооснованиот „Македонски центар за истражување и документација за информација за земја на потекло (MACCORD)" формиран во соработка со UNHCR - Скопје.




На настанот на кој присуствуваше претседателот на Адвокатската комора на РСМ, адвокат Љубомир Михајловски, како и адвокати кои даваат бесплатна правна помош во постапките за азил беше презентирана  важноста на истражувањето за информација за земја на потекло во постапките за азил, како и за основните принципи на истражување и документација за земја на потекло.

Основна функција на Центарот е обезбедување на информации за земјата на потекло на баратели на азил и странци, особено за потребите на адвокатите во постапките за азил и други релевантни постапки во нашата земја.

Сите заинтересирани адвокати кои обезбедуваат бесплатна правна помош во постапки за признавање право на азил што се занинтересирани да ги користат услугите на Центарот треба да се пријават на меилот на Комора Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.